Дембеле: И покрај тешката сезона, останувам во Барса


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осман Дембеле вели дека не планира да си замине од Барселона и покрај лошата прва сезона во клубот.

Дембеле се пресели на „Камп Ноу“ за неверојатно висока сума на пари од Борусија Дортмунд, но во првата сезона имаше проблеми со повредите и не толку добрите настапи за клубот.

Во интервју за Телефут талентираниот фудбалер изјави: „Потпишав петгодишен договор со Барселона. Ќе бидам во овој клуб долго време. Не сакам да си заминам по само една сезона“ –заклучи Дембеле.