Гвардиола во Сити го носи својот миленик од деновите во Барса и Баерн


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пеп Гвардиола веќе се подготвува се за следната сезона и го подготвува списокот на засилувања за да изгради поконкурентен тим кој ќе ја нападне и Лигата на шампионите.

Гвардиола на „Етихад“ ќе се обиде да го донесе Тиаго Алкантара од редовите на Баерн Минхен, а се споменува дека понудата би можела да изнесува 50 милиони фунти. Сепак, работата нема да му биде ни малку лесна, со оглед на тоа што спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ претходно истакна дека целта на клубот е да го задржат Шпанецотна „Алијанц Арена“.

Инаку, Гвардиола му беше тренер на Алкантара во Барселона, а на негово инсистирање беше донесен и во Германија, во редовите на Баерн Минхен.