Керол го спаси Вест Хем од пораз против Стоук


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во натпревар од 34. коло од Премиер Лигата, ВЕст Хем и Стоук ги поделија бодовите играјќи без победник, 1:1.

Првото полувреме беше завршено без голови, а на средината на вториот дел Марко Арнаутовиќ ја затресе мрежата на Стоук. Сепак, неговиот погодок не беше признат поради офсајд позиција во која се најде Австриецот.

Десетина минути подоцна, по големата грешка на Џо Харт следуваше голема радост за гостинските навивачи. Ветеранот Питер Крауч налета на една одбиена топка од Харт и вешто ја смести зад неговиот грб.

Кога сите мислеа дека Стоук ќе го добие натпреварот, Енди Керол со фантастичен волеј удар го изедначи резултатот и донесе реми кое со сигурност повеќе ќе му одговара на Вест Хем на кого му треба уште една победа за да обезбеди опстанок во Премиер лигата.