Донарума понуден на Европски гигант


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува весникот АС, голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума бил понуден на тимот на ПСЖ.

Донарума го продолжи договорот со Милан минатата година, но веројатно ќе си замине од „Сан Сиро“ во текот на летниот преоден рок.

Откупната клаузула на Донарума зависи од тоа дали Милан ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната година. Доколку Росонерите се пласираат во најелитното европско натпреварување, што е малку веројатно, Донарума ќе чини 70 милини евра, а доколку не успеат да се пласираат неговата вредност ќе биде на 40 милиони евра.