Сакаше да погоди од пенал со паненка, тренерот веднаш го извади од игра (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 30. коло од португалската лига, Рио Аве играше со Тондела, а натпреварот го обележа потегот на Хелдер Гуедеш .

При резултат 1:0 за Рио Аве, Гуедеш имаше прилика да зголеми на 2:0 од пенал, но се одлучи да шутира паненка која голманот лесно ја одбрани. Тоа го налути тренерот на Рио Аве кој по само три минути го извади од игра иако се играше само 39. минута.

Во Рио Аве ќе жалат за оваа пропуштена прилика со оглед на тоа што Тондела успеа да го изедначи резултатот, па натпреварот заврши без победник, 1:1.

(Неуспешната паненка може да ја погледнете на 1:49)