Дортмунд сака перманентен договор со Батсуаи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Борусија Дортмунд ќе се обидат перманентно да го донесат Мичи Батсуаи во своите редови.

Белгискиот интернационалец играше одлично за „милионерите“ по зимската позајмица од редовите на Челси, но за жал се повреди на последниот натпревар со Шалке и сезоната за него сега е завршена.

„Дејли Мејл“ пишува дека Борусија ќе мора да плати околу 50 милиони фунти доколку сака да го види 24 годишниот напаѓач перманентно на „Сигнал Идуна Парк“, а нивното барање во јануари да се вметне и опција за целосно откупување на договорот било одбиено од страна на Челси.

Се верува дека со смената на Антонио Конте од клупата на „сините“ која е се поизвесна, Батсуаи ќе добива повеќе прилика следната сезона.