Дармијан: Ми годи интересот на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матео Дармиан е играчот кој речиси сигурно ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во својата родна Италија.

Дармиан кој одигра само 13 средби во дресот на Манчестер Јунајтед оваа сезона за Скај Спортс Италија изјави дека му недостига Италија.

„Постои носталгија за Италија и навистина ми недостига. Ќе почекам да заврши сезоната, па ќе ги разгледам работите. Ми годи интересот на Јувентус, тие се голем клуб и таков клуб да биде заинтересиран за тебе е многу важно. Дефинитивно ќе ја донесеме вистинската одлука на крајот на сезоната“- коментираше Дармиан.