Играчите на Сити и Тотенхем доминираат во идеалниот тим во Премиер лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Асоцијацијата на професионални фудбалери го избра идеалниот тим на сезоната во англиската Премиер лига.

Очекувано во него доминираат играчите на Манчестер Сити, вкупно пет на број. Од „граѓаните“ во најдобрата 11ка се најдоа Агуеро, Де Брајн, Давид Силва, Вокер и Отаменди. Тројца играчи има од тимот на Тотенхем и тоа Хари Кејн, Кристијан Ериксен и Јан Вертонген.

Ова е тимот на сезоната во Премиер лигата:

Голман: Давид Де Геа

Одбрана: Кајл Вокер, Јан Вертонген, Николас Отаменди, Маркос Алонсо

Среден ред: Давид Силва, Кевин Де Брајн, Кристијан Ериксен

Напад: Кун Агуеро, Мо Салах, Хари Кејн