Драма во авионот на Жалгирис: Авионот се запалил, пилотот ги спасил од трагедија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Жалгирис имале непријатно искуство на патот за Атина.

Авионот, кој летал од Каунас до Атина имал сериозни проблеми кога требало да слета, зашто едно од тркалата се запалило во моментот кога ја допрело пистата.

За среќа, пилотот одлично реагирал, па успеал да го исконтролира авионот и безбедно да го сопре. Пожарникарите брзо реагирале и го изгаснале пожарот, а кошаркарите на Жалгирис не биле свесни што се случило.

Тие дознале за несреќата кога сѐ завршило и биле безбедни.