Совети за обложување: Победа оди на изненадување против Вардар, Арсенал ги одржува шансите за ЛЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Недела, ден за тикет и за добивка. Kladenje.mk и денес со бесплатни типови. Повелете неколку предлози за денес:

Арсенал – Вест хем: 1 (победа на домаќинот)

Арсенал на „Емирати“ го пречекува Вест хем, кој може да се каже дека е безбеден во Премиерлигата, додека „топчиите“ се обидуваат да завршат на позиција, која води во Лигата на Европа (ЛЕ) наредната сезона. Арсенал во последните пет натпревари против Вест хем, има три победи додека две средби завршиле нерешено. Во моментов Арсенал е во подобра форма во Вест хем, а поради желбата да завршат барем на шестата позиција, ќе мора да го победат аутсајдерот.

Хајдук Сплит – Динамо Загреб: 1 (победа на домаќинот)

Едно е сигурно, а тоа е дека титулата не е решена до последното коло во хрватската Прва лига. Хајдук го пречекува Динамо во Сплит и ќе се обиде да го победи за да ја намали негативата на табелата. Во последните пет средби, двете екипи имаат по две победи, а еден дуел завршил реми. Сепак, Хајдук е во подобра форма, па поради тоа ќе се обиде да го порази својот вечен ривал во големото хрватско дерби.

Јувентус – Наполи: ГГ (двете екипи постигнуваат гол)

Практично е решена дилемата за новиот шампион на Серија А. Тоа очигледно ќе биде Јувентус, кој ќе стигне до седмата титула по ред во италијанската лига. Сепак, борбата за престиж, ќе има голема улога во дербито помеѓу Јувентус и Наполи во Торино. Кога ќе ги погледнеме меѓусебните дуели на двете екипи, може да забележиме дека Јувентус победил дури три пати, една победа има Наполи и еден натпревар завршил реми, притоа на четири од пет средби и двете екипи постигнале гол.

Победа – Вардар: 1 (победа на домаќинот)

Можеби малку храбар тип, но следејќи ја актуелната ситуација во македонското првенство, може да кажеме дека нов шампион е екипата на Шкендија додека Вардар речиси и да не се бори во средбите кои ги игра, барем во последните четири натпревари во Првата лига, на кои имаше три реми и еден пораз. Од друга страна, Победа исто така на последните четири средби има три порази и едно реми, па же се бори жестоко за опстанок во лигата. Поради тоа, Прилепчани одат на се’ или ништо против „црвено-црните“. Во последните пет меѓусебни средби, Вардар има три победи, а Победа две и тоа на домашен терен, па поради тоа очекуваме Победа да го изненади актуелниот македонски шампион.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk