Нов случај на корупција – уапсен член на ФИФА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Членот на Советот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Констант Омари е уапсен денеска поради обвиниувањата за корупција во фудбалскиот сојуз на Конго.

Омари, кој е потпретседател на Африканската фудбалска федерација, е обвинет за „перење“ пари, кои владата на Конго ги дала на Сојузот, за да им се помогне на репрезентацијата и клубовите.

Омари е член на советот на ФИФА од 2015. Година.

Обвинителството соопшти дека истражуваат уште едно лице, поточно претседателот на Олимпискиот комитет на Конго, кој е во бегство.