Арсенал најде нов тренер, но сѐ зависи од Венгер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арсен Венгер нема да добие отказ ниту ако не ја освои Лигата на Европа. Англиските медиуми пишуваат дека одлуката останува на него, а тој има договор на уште една година и клубот нема да го натера да замине.

Французинот наводно добил гаранции дека ќе може да остане уште една сезона и без Лигата на шампиони, а тоа предизвика гнев кај навивачите.

Од друга страна, клубот има подготвени решенија за неговата позиција.

Патрик Виера е прв на листата на кандидати, а исто така им е добро познат на навивачите, па би требало да ја превземе клупата на „топчиите“ доколку одлучи Венгер да замине.