Новиот Премиерлигаш ќе купува од Арсенал

0

Фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер би можел да биде првото засилување на новиот Премиерлигаш, Вулверхемптон.

„Дејли Мејл“ пишува дека „волците“ се заинтересирани за 26 годишниот фудбалер на Арсенал кој од ова лето ќе биде слободен агент и без оштета ќе може да се пресели во тимот на Нуно Еспирито Санто.

Наводно, Англичанецот веќе има понуда на маса од Арсенал за продолжување на соработката, но со тој договор би заработувал значително помалку отколку што заработува во овој момент меѓу „топчиите“.

Од Вулверхемптон, кој пак ќе подготвува респектабилен состав, парите нема да бидат проблем, па веројатно ќе му ја понуди посакуваната плата на некогаш најталентираниот играч во Англија.

Share.