Македонија дел од Европската Таеквондо ИТФ елита во Талин, Естонија

0

Таеквондо ИТФ Македонија  под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион  , од  23-30 април 2018 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ  првенство во Талин,Естонија.

Боите на нашата држава ќе ги бранат:

Ацо Јосифoски црн појас IV дан, поранешен светски шампион кој ќе се натпреварува  во две дисциплини , во форми за дан ветерани и борби -71  кг ветерани.

Филип Јосифоски, црн појас II дан , кој ќе се натпреварува во три дисциплини , форми црн појас дан  сениори,борби -64 кг сениори, и специјални техники сениори.

„Подготовките  течеа последните 2 месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати. Знаеме дека конкуренцијата е огромна, само да напоменеме дека едни од најсилните репрезентации во светот како што се Русија , Украина, Бугарија се  учесници, со  што освоен медал на Европско првенство ветува и медал од светско. Најповеќе се надеваме на Филип во борби и специјални техники, кој досега на многу меѓународни натпревари се покажа одлично , па се надеваме дека ќе го даде максимумот  и ќе не израдува со добар пласман“ вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезентација.

Исто така викендов во Скопје помладите  натпреварувачи ќе учествуваат на Меѓународен ВТ турнир , на кој ќе настапат неколку дебитанти , кои за првпат ќе  го почувствуваат натпреварувачкиот  дух, и се надеваме дека и од нив некој ќе не израдува со добар резултат.

Advertisements
Share.