Рафаел: Не можев да го поднесам Ван Гал

0

Десниот бек на Лион, Рафел кој неколку сезони со успех го носеше дресот на Манечстер Јунајтед, во интервју за ЕСПН говореше за лошиот третман од страна на Ван Гал.

Бразилецот призна дека го загубил трпението со искусниот стратег и дека на крајот морал да си замине од клубот кој премногу го сакал.

Десниот бек со Манчестер Јунајтед освои осум трофеи, а за „ѓаволите“ во Премиер Лигата одигра 109 натпревари. Сепак, по пензионирањето на Ферги неговата кариера во Јунајтед тргна надолу, а со доаѓањето на Ван Гал таа го имаше и својот крај.

„Кога Ван Гал дојде за тренер неколку луѓе ми рекоа дека тој не сака Бразилци. Ми зборуваа дека имал конфликт со Ривалдо во Барселона, но јас не им верував. Но за време на неговата прва сезона, ме повика во канцеларијата и ми кажа дека може да си одам. Состанокот траеше една минута. Едноставно кажа дека можам да заминам. Тажен сум затоа што сакав се што е поврзано со Манчестер Јунајтед“ –коментираше Рафаел.

Бразилецот потоа направи трансфер во редовите на Лион чиј член е и денес, додека Ван Гал повеќе не е тренер на  Манчестер Јунајтед.

„Ми прати порака ’Знаеш каков е фудбалот’. Не ми се веруваше. Не разговараше со мене, а ми посака среќа во иднина. Бев пристоен и му се заблагодарив, но всушност бев бесен. Еден ден бев во кујната и го чекав ручекот. Ван Гал по ручекот дојде да разговара со нас. Јас имав повреда на главата по натпреварот со Јеовил, и ја допирав раната. По три или четири секунди стана и ми рече дека не го почитувам. Тогаш се разбеснив, а инаку сум многу трпелив. Но и тогаш не направив ништо лошо. Сепак, после тоа Валенсија ми кажа дека повеќе нема да играм и за жал беше во право.

Обожавав се што е во врска со Манчестер Јунајтед, но еден човек направи да бидам очаен. Не можев да го поднесам“– заврши Рафаел.

Advertisements
Share.