Манчини пред нов голем ангажман


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот тренер, Роберто Манчини наскоро би можел да добие нов ангажман.

Иако Манчини се уште е тренер на Зенит, на големо се зборува дека ќе седне на жешкото столче на репрезентацијата на Италија. Азурите не се пласираа на Мундијалот во Русија и од тогаш се без тренер, а привремен предводник им е Ди Биаџо.

„Спорт Медиасет“ пишува дека Манчини уште во мај би можел да потпише договор со репрезентацијата на Италија и да седне на нивната клупа. Во тој случај, на клупата на Италија би дебитирал на натпреварот против Саудиска Арабија на 28 мај.