Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓
Големото дерби во Истанбул меѓу Фенербахче и Бешикташ беше прекинато во 59. минута при резултат 0-0.
Реванш-натпреварот од полуфиналето на Купот е прекинат поради однесувањето на домашните навивачи, кои со тврд предмет го погодија во глава гостинскио тренер.
Потоа на теренот следуваше вистинска мешаница, а резервниот голман Толга Зенгин тргна да се пресмета со навивачите.
Фудбалерите на Бешикташ се повлекоа од теренот на кој повеќе не се вратија, додека играчите на Фенербахче ги чекаа. Судијата го прекина мечот, а трибините почнаа да се празнат.
Пеколно беше и во тунелот на стадионот, каде што се појави уште една пресметка. Наводно, дел од управата на Фенербахче ги нападнале гостите од Бешикташ.