Ливерпул блиску до договор со Реал: Пристигнува млад талент за 40 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул е блиску до договор со Реал Мадрид за талентираниот шпански фудбалер за врска, Дани Себаљос.

Шпанецот имаше одлична сезона во Бетис минатата година, каде ја почна кариерата, но оваа сезона не може да биде задоволен со минутажата во Реал. Тренерот на „кралевите“, Зидан наводно му кажал дека може да побара нова екипа.

Се проценува дека Реал за него бара 40 милиони евра, а тоа не е голема сума за „црвените“ од „Енфилд“, кои имаат одлична сезона во Лигата на шампиони.

Во „кралскиот клуб“, Себаљос пристигна минатото лето за 17 милиони евра.