Познато колку ќе отсуствува Несторовски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашиот репрезентативец и капитен на Палермо, Илија Несторовски ќе биде надвор од терените во следните 40тина дена по неговата најнова повреда.

Ова значи дека Палермо во клучните натпревари ќе остане без својот најдобар играч, што значи дека Несторгол можеби го одиграл и последниот натпревар за Палермо.

Илија Несторовски се повреди во првенствениот натпревар против Цитадела во кој Палермо не успеа да слави ремизирајќи без голови, 0:0.