Нејмар порача: Бразил ја има најдобрата репрезентација на Мундијалот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот бразилски фудбалер, Нејмар, кој во својата земја закрепнува од операцијата на стапалото смета дека селекцијата на Бразил има најквалитетен состав за претстојниот Мундијал во Русија.

„Бразил е најсилен и мило ми е што ќе ја предводам оваа екипа. Ќе сториме се за да стигнеме до трофејот“ –започна Нејмар во итнервју за Глобо Еспорте.

Нејмар смета дека на Светското првенство ќе настапат неколку квалитетни играчи, а посебно истакна двајца кои доаѓаат од редовите на Бразил.

„На Светското првенство ќе настапат многу квалитетни фудбалери. Салах не игра за силна репрезентација, но може да има добар турнир. Тука се и одличните Роналдо, Меси, Азар, Суарез..Меѓутоа Хесус и Кутињо се играчите кои ја прават разликата“- порача Нејмар.