Официјално: Големо засилување за ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот ракометен гигант замената за легендарниот Даниел Нарсис кој ќе се пензионира следното лето ја пронајде во редовите на Рајн Некар Левен.

Имено, „светците“ го договорија трансферот на Ким Екдал Ду Риц кој заедно со Хансен и Сагосен ќе бидат страшно трио на левата страна.

Ду Риц изненади многумина кога реши да се повлече од ракометот минатата сезона со цел да патува по светот, но потоа во февруари се врати во тимот од Манхајм за да им помогне да ја остварат зацртаната цел, титула во Германија.

„Навистина ми требаше одмор од ракометот и морав да заминам. По неколку месеци низ светот, сфатив многу работи. Добро е да ги смениш перспективите понекогаш. Ми недостигаше ракометот многу повеќе отколку што мислев дека ќе ми недостига и му се вратив затоа што го сакав тоа“- коментираше Екдал за официјалниот сајт на ПСЖ.