Ливепрул подготвува пеколен план за следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Ливерпул следната сезона го очекува значајна реконструкција на тимот.

Клубот речиси сигурно ќе го напушти Емре Чан кој е пред трансфер во Јувентус, а на излезните врати е и Алберто Морено. Од друга страна пак, договорен е трансферот на Наби Кеита кој во Ливерпул доаѓа од Ред Бул Лајпциг, а се  шепкулира дека на „Енфилд“ ќе пристигне и Дани Себаљос од Реал Мадрид.

Наводно, клубот е блиску до договор и со Џејми Варди од Лестер, а од следната сезона посериозно ќе се смета и на Марко Грујиќ кој игра одлична полусезона во редовите на Кардиф.

Многу е веројатно дека Клоп и покрај одличните партии на Кариус во последниот период ќе донесе и квалитетен голман за следната сезона.

Со актуелниот играчки кадар, кој е одличен и дополнителните засилувања, Ливерпул со сигурност ќе изгради уште пореспектабилен тим за следната сезона.