Реал подготвува нов договор за Роналдо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Реал Мадрид планираат да го подобрат договорот на Кристијано Роналдо и со тоа да го продолжат неговиот престој на „Сантијаго Бернабе“.

Шпанскиот весник „АС“ пишува дека од таборот на „кралевите“ планираат разговорите да ги завршат пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Генералниот директор на Реал, Хозе Анхел Санчез лично го информирал Роналдо дека клубот е задоволен од неговите настапи во последните месеци и дека се подготвени да му ја зголемат платата.

33 годишниот Роналдо постигна неверојатни 22 погодоци на неговите последни 12 средби. Португалецот во моментов заработува 21 милион евра по сезона, а со новиот договор би требало да заработува и до 30 милиони евра.