Одлуката на Венгер да си замине не била само негова


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако вчера Арсен Венгер објави дека ова ќе биде негова последна година како тренер на Арсенал, денес низ медиумите во Англија почнаа да излегуваат информации кои кажуваат дека Французинот не бил тој кој одлучил да си замине од клубот.

Имено,  како што објави Скај Спортс, Венгер имал разговори со Кроенке и Газидис  за неговата иднина, а одборот му пренел на стратегот дека е загрижен дека резултатите не се подобриле по потпишувањето на новиот двегодишен договор на почетокот на минатото лето.

Плус Газидис и Кроенке му соопштиле на Венгер дека се разочарани и поради слабата посетеност на „Емирати“ оваа година, а тоа се должело на слабите игри на клубот.

На средбата бил донесена конечна одлука Венгер да објави дека заминува, а извори на Скај Спортс тврдат дека искусниот стратег нема да се пензионира и ќе продолжи да работи во фудбалот.