Анчелоти: Арсенал? Зошто да не…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повеќемесечните шпекулации за судбината на Арсен Венгер добија епилог. Французинот кажа дека ќе замине на крајот на сезоната, по 22 години поминати во Арсенал.

Веднаш почна да се шпекулира за неговата замена, а едно од имињата е тоа на Карло Анчелоти. Италијанецот нема ангажман од минатата година, па можеби наскоро ќе пристигне во Лондон.

„Венгер влезе во историјата и мора да биде награден за тоа што го направи за Арсенал. Ако јас сум во плановите на Арсенал, тогаш ми е мило, но во овој момент не постои ништо повеќе од тоа. Мојата иднина зависи од шансата и проектот, кој ќе ми биде претставен, не е до мене“, кажа Анчелоти.

Да потсетиме, Анчелоти во Англија веќе имаше шанса да работи од 2009. до 2011. година кога го водеше Челси.