„Мурињо и Гвардиола се богови на фудбалот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Големи пофалби на сметка на португалскиот и шпанскиот тренер стигнаа од нивните колеги од Премиерлигата.

Пред натпреварот на Свонси со Манчестер сити, зборуваше тренерот на Свонси, Карлос Карвахал, кој го пофали Гвардиола, но кажа и неколку зборови за Мурињо.

„Ние сме подготвени за журка, ќе биде еден од најтешките натпревари во сезоната. Но јас сум среќен и мислам дека голем број луѓе од фудбалот се среќни, зашто се наоѓаме во време во кое работат тренери како што се Гвардиола и Мурињо. Тие се богови на фудбалот“, вели тој.