Гатузо: Ќе добиеме три засилување, а ми се допаѓа Погба…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо кажа дека има гаранции од директорот Марко Фасоне дека екипата во лето ќе биде засилена со три или четири фудбалери.

Милан во последно време се наоѓа под „лупа“ на УЕФА поради финансискиот фер-плеј, па наводно може да добијат казна поради кршење на правилата.

„Фасоне ми вети три или четири фудбалери, но не ми кажа дека претходно мора да продадеме некого. УЕФА нема донесено одлука. Би сакал да кажам дека ми се допаѓа Погба, па ајде да го донесеме, но тоа не е возможно. Ми се допаѓа и Манџукиќ, ги сакам Роналдо, Меси. Сепак, размислувам за тимот, помалку за индивидуалци“, вели тој.

Наводно, Милан претходно мора да го реши прашањето за долговите од 300 милиони евра, колку што изнесува позајмицата која ја зема сопственикот Јонгхонг Ли.