И Ливерпул киксираше против ВБА, клубот од Бирмингем се поблиску до Чемпионшип


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првата средба од 35.коло од Премиер Лигата, екипите на ВБА и Ливерпул ги поделија бодовите играјќи нерешено, 2:2.

Јирген Клоп имаше некои рокади во составот, па од првата минута по подолго време стартуваше Дени Ингс кој беше стрелец на првиот погодок.

Мрежите мируваа се до 72. минута кога Мохамед Салах го постигна својот 31 погодок во Премиер лигата оваа сезона.

Сепак, ВБА на крајот со два гола на Ливермор во 79. минута и Саломон Рондон во 88. минута успеаја да го изедначат резултат и да освојат бод кој веројатно нема да им значи многу затоа што се пред преселба во понизок ранг.