Украден трофејот од Лигата на Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во мексиканскиот град Леон нападнато е возилото кое го превезувало трофејот од Лигата на Европа и истиот во тој момент е украден.

Сепак, неколку часа подоцна е објавено дека трофејот е пронајден, но засега нема никакви детали околу инцидентот.

Пехарот од Лигата на Европа во Мексико пристигна во склоп на промоцијата на УЕФА на оваа лига. Оваа сезона во борбата за титулата ќе се обрат екипите на Марсеј, Салцбург, Арсенал и Атлетико Мадрид.

Инаку, овој трофеј минатата година беше дел и од турнејата низ Македонија во склоп на промоцијата на УЕФА Супер купот кој се одигра во Скопје.