Алегри: Дуелот со Наполи нема да биде решавачки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Торино во рамки на 34. коло се игра големото дерби меѓу Јувенутс и Наполи.

Јувентус со победа, ќе се одалечи од Наполи на седум бодови и ќе дојде до чекор до нова титула, меѓутоа Алегри верува дека дуелот нема да биде решавачки.

„Наполи е одличен сезонава, стана вистинска опасност во Италија, но и Европа. Не очекува тежок дуел и мора да дадеме се од себе. Важен натпревар е тоа, но не и решавачки. Мора да останеме со ладна глава, зашто овој меч му е поважен на Наполи, отколку на нас“, вели Алегри.

Мечот се игра вечерва од 20.45 часот.