Савиќ по стапките на Пјаниќ – трансферот е пред реализација?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус секогаш наоѓа квалитетни фудбалери, без разлика дали станува збор за дефанзивци, играчи за врска или напаѓачи.

Игуаин, Дибала, Пјаниќ и Бернардески играа во клубови во Серија А, а нивните квалитети ги препозна Јувентус.

Милинковиќ-Савиќ е подготвен за голем трансфер по одличната сезона во Лацио и за неговите услуги е заинтересиран Јунајтед, но и Јувентус.

„Старата дама“ ќе се обиде да се договори со клубот од Рим, а доаѓањето на Савиќ би бил трансфер на летото во европскиот фудбал.

Меѓутоа, Мурињо нема лесно да се откаже од желбата да го ангажира, па не очекува жестока битка летово.