Арсенал славеше убедлива победа против Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Арсенал славеше убедлива победа против Вест Хем на својот „Емирати“ во 35. коло од Премиер лигата.

Во првиот дел имаше неколку прилики, но мрежите на Оспина и Харт не се тресеа.

Во второто полувреме донесе доста подобра игра и дури пет гола. Домаќините стигнаа во водство уште во 51. минута со голот на Начо Монреал.

Вест Хем изедначи во 64. минута преку Марко Арнаутовиќ, а ново водство на Арсенал донесе Рамзи во 82. минута. Велшанецот центрираше, а Харт и Деклан Рајс не се договорија најдобро, па топката заврши во мрежата на гостите.

Работата ја заврши Александре Лаказет со два погодоци во 85. минута и 90. минута.

Во вториот натпревар денес, Стоук и Барнли ги поделија бодовите играјќи 1:1. Со овој бод Стоук е се подалеку од опстанок во најелитното друштво во Англија.