Интер ја краде трансфер целта на Јувентус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Италија, од редовите на Интер се приклучиле во трката за трансферот на фудбалерот на Каљари, Николо Барела.

За 21 годишниот фудбалер постои сериозен интерес од неколку екипи, а според шпекулациите Интер е главен фаворит за неговите услуги.

Покрај Интер, во јавноста се споменуваше и тимот на Јувентус како заинтересиран за услугите на играчот од средниот ред.

Инаку Барела оваа сезона има 31 настап во дресот на Каљари на кои постигнал шест погодоци.