Шкендија крунисана во нов шампион, Вардар продолжува да тоне


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Шкендија и математички ја обезбеди титулата во Македонскиот шампионат откако со 2:0 славеше против тимот на Шкупи.

Головите за тетовци вредни титула ги постигнаа Марјан Радески и Бесарт Ибраими за голема прослава во Тетово.

Вардарци пак уште еднаш покажаа дека ова е кошмарна полусезона за нив откако во Струмица беа поразени од Победа со 2:0. Головите за прилепчани ги постигнаа Благоја Гешоски и Зоран Даноски.

Работнички со убедливи 4:0 славеше против Пелистер, а стрелци на головите за „романтичарите“ беа Ангелов, Маркоски на два пати и Џофри.

Резултати:

Шкендија- Шкупи 2:0

Победа- Вардар 2:0

Работнички- Пелистер 4:0

Силекс- Ренова 1:0

Скопје- Академија Пандев 0:2