Кулибали во 90. минута го шокираше Јувентус, Серија А влегува во драматична завршница


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Наполи славеше гостинска победа на големото дерби против Јувентус со 0:1 во рамките од 34. коло од Серија А.

Во доста израмнет натпревар гледавме шанси и на двете страни, но од ниту една се до 90. минута не се тресеа мрежите.

Најголемата прилика на натпреварот ја имаше Пјаниќ во 17. минута кога од слободен удар ја затресе стативата на Наполи.

Седум минути подоцна Хамшик се најде во добра ситуација, но топката помина покрај стативата.  Во 34. минута Инсиње ја затресе мрежата на домаќините, но голот со право беше поништен поради офсајд ситуација.

До крајот се играше релативно мирно на двете страни и се чинеше дека натпреварот ќе заврши без погодоци. Но, тогаш на сцена стапи Калиду Кулибали кој во последните моменти од регуларниот дел со глава буквално ја заби топката во мрежата на Буфон.

Со оваа победа Наполи дојде само на еден бод негатива од првопласираниот Јувентус кој во последните четири кола го очекуваат гостувања кај Рома и Интер.