Кој ќе биде шампион на Италија – Наполи или Јувентус?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи го победи Јувентус вчера во Торино и сега има само еден бод помалку од нив, на четири кола пред крајот на сезоната.

Во наредното коло може да дојде до пресврт на табелата, зашто Јувентус игра дерби против Интер додека Наполи гостува кај Фиорентина.

Потоа, Наполи го пречекува Торино, па гостува кај Сампдорија и играат против Кротоне. Додека Јувентус има пеколен распоред, две тешки гостувања во моментов, Интер наредниот викенд, па потоа Рома на „Олимпико“, а меѓу тие две средби, играат против Болоња и Верона.