Салах: Од првиот ден сонував да се вратам во Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот за врска на Ливерпул, Мохамед Салах очекувано е прогласен за најдобар играч годинава во Премиерлигата.

Египќанецот го одбраа неговите колеги кои се натпреваруваат во сите лиги на англискиот фудбал.

„Од првиот ден кога ја напуштив Премиерлигата, размислував да се вратам тука. Не добив шанса во Челси и сакав повторно да се вратам и да се покажам во најдобро светло. Мило ми е што ја добив наградата“, вели Салах.

Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампиони игра против Рома.