Реал со астрономска понуда го „лови“ Салах


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Само еден ден откако беше именуван за најдобар играч во Премиер лигата за оваа сезона, Мохамед Салах веќе се поврзува со мега трансфер во Реал Мадрид.

Имено, како што пишува „Експрес“ од Реал Мадрид се подготвени да испратат понуда во висина од 123 милиони фунти плус еден играч за да ги обезбедат услугите на Египќанецот.

Се шпекулира дека играчот кој „Кралскиот клуб“ ќе му го понуди на Ливерпул е Дани Себаљос за кого претходно постоеше интерес од страна на црвените од Мерсисајд.