Кеита пристигнува во Ливерпул за многу поевтина сума


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесува Скај Спортс, цената на Наби Кеита може да опадне пред неговиот трансфер во Ливерпул следното лето.

Првично беше договорено Ливерпул да му плати на германскиот клуб 59 милиони фунти, но во договорот пишувало дека ваква ќе биде сумата доколку Лајцпиг обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Сепак, по катастрофалниот пораз од Хофенхајм со 5:2 тимот на РБ Лајпциг падна на шестата позиција и сега си го доведе во прашање и настапот во Лигата на Европа.

Доколку не обезбедат пласман во Лигата на шампионите, Кеита ќе замине во Ливерпул за сума од 52 милиони фунти, а доколку не успеат да обезбедат пласман ниту во Лигата на Европа, Кеита на „Енфилд“ ќе се пресели за 48 милиони фунти.