Облак потврди дека не е сигурен дали ќе остане во Атлетико


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Алтетико Мадрид, Јан Облак истакна дека не е сигурен за неговата иднина во клубот иако кажа дека е посветен на клубот од главниот град на Шпанија.

Облак се смета за еден од најдобрите голмани и веќе е трансфер цел на ПСЖ, Ливерпул, па и Реал Мадрид.

Облак има уште три години од актуелниот договор со „Јорганџиите“ и истакна дека во моментов е фокусиран само на Атлетико иако не е сигурен што носи иднината.

„Атлетико може да напредува, веќе напредна многу и сигурен сум дека нема да запре сега. Сигурен сум дека ќе продолжи да напредува, а ќе видиме што ќе се случи со мене, засега јас сум тука и имам договор до 2021 година. Ако продолжам во Атлетико ќе продолжиме да растеме заедно, ако не клубот ќе расте исто така.

Се уште нема новости. Никој не знае што ќе се случи, не само јас. Преферирам да ја завршам сезоната ана најдобар можен начин и се надевам дека тоа ќе биде со титула. Тогаш ќе видиме, но јас сум под договор. Во моментов не мислам на ништо друго освен на Атлетико“-коментираше Облак за АС.