Јовановски: Пелистер е минато, фокусирани сме на Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Работнички полека но сигурно почнува да го игра препознатливиот фудбал од времето кога газеше на европска сцена и со убедливи 4:0 го победи тимот на Пелистер.

Сепак, „романтичарите“ немаат време за одмор затоа што во среда ги очекува првенствен натпревар против „ранетиот“ Вардар кој има катастрофална втора полусезона.

Тренерот на Работнички, Јовановски е задоволен од изданието против Пелистер, но вели дека тимот веќе се фокусира на следниот предизвик, а тоа е натпреварот против Вардар.

„Сакам да упатам честитки до фудбалерите на двете екипи за залагањето, затоа што навистина не е лесно да се игра натпревар на околу 35 степени Целзиусови во април. Задоволни сме од триумфот, мислам дека е потполно заслужен според прикажаната игра, но веќе сме фокусирани на следниот натпревар против Вардар. Ваков ритам е исцрпувачки, но мислам дека е многу добра работа и за фудбалерите, но и за нас тренерите во Македонија, бидејќи мораме да се вклопиме во европскиот стил на фудбалско функционирање. Што се однесува до Вардар, не треба да трошиме зборови за големината на ривалот, иако можеби во моментот и не се во најдобра форма. Но, на дуелите меѓу Вардар и Работнички тоа никогаш не било пресудно, туку желбата, мотивацијата и моменталната инспирација“ истакна Јовановски.

Натпреварот меѓу Вардар и Работнички ќе се одигра в среда, со почеток во 15 часот, на арената „Филип Втори“, и ќе биде директно пренесуван на Телевизија 24.