Денот кога „Олд Трафорд“ му се поклони на Роналдо (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешен ден пред точно 15 години одигран е легендарниот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

На 23. април 2003 година Манчестер Јунајтед пред себе имаше тешка задача, да ја анулира негативата од 3:1 против Реал Мадрид и да го елиминира „кралскиот клуб“ од Лигата на шампионите.

На тој натпревар „ѓаволите“ успеаја да постигнат четири погодоци, но од друга страна легендарниот Бразилец, Роналдо постигна хет-трик. Средбата на „Олд Трафорд“ заврши со 4:3 во корист на Манчестер Јунајтед, но Реал помина во полуфиналето со вкупни 6:5.

Апсолутен херој на Реал беше Роналдо, а бразилскиот виртуоз доби громогласни аплаузи дури и од навивачите на Манчестер Јунајтед.