Кимих: Роналдо е покомплетен играч од Меси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих се подготвува за средбата со најкомплетниот играч на денешницата, Кристијано Роналдо.

Баерн на „Алијанц Арена“ ќе биде домаќин на Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Младиот фудбалер на Баварците, Џошуа Кимих смета дека Роналдо е покомплетен играч од Лионел Меси.

„Кога се работи за головите, Роналдо е во предност. Посебно во головите во Лигата на шампионите. Меси е целосно поинаков тип на играч. Роналдо можеби е покомплетен кога се работи за вештините. Меси има подобар дриблинг, но Роналдо има подобра завршница. Не можам да кажам кој е подобар туку само дека ми е драго што играм во времето кога играат и тие“-коментираше играчот на Баерн Минхен.