Што се случува со Вардар? Нов натпревар, нов пораз


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Работнички славеше во 62. градско дерби против Вардар со минимални 1:0. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Виктор Ангелов во 56. минута од средбата.

Ова е трет пораз по ред за Вардар кој од натпревар во натпревар се повеќе тоне, додека пак Работнички полека го фаќа посакуваниот ритам пред финишот на сезоната.

Новиот шампион на Македонија, Шкендија, беше запрена на гостувањето кај Академија Пандев во натпревар кој заврши без победник (2:2). Гостите од Тетово имаа предност од 2:0, но струмичани со головите на Балдовалиев и Атанасов стигнаа до еден бод.

Резултати:

Вардар- Работнички 0:1

Ак. Пандев- Шкендија 2:2

Пелситер- Силекс 2:1

Ренова- Скопје 2:0

Шкупи- Победа 3:1