Реал славеше во Минхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првиот натпревар од второто полуфинале од Лигата на шампионите, Реал Мадрид со 2:1 славеше на гостувањето на „Алијанц Арена“ кај Баерн.

Почетокот на натпреварот донесе подобра игра на домаќините кои имаа две добри прилики преку Левандовски и Милер, но резултатот остана непроменет.

Реал се закани во 18. минута преку Иско, а три минути подоцна и Роналдо имаше убава прилика, но одбраната на Баварците реагираше одлично.

Во 28. минута следуваше одлична акција на домаќините кои истрчаа одлична контра, а Кимих погоди за 1:0.

Сепак, на одмор се замина со 1:1, а за тоа се погрижи Марсело кој во 43. минута постигна фантастичен погодок.

Продолжението му припадна на Реал, кој подобрата игра ја круниса во 53. минута кога Асенсио ги донесе „Кралевите“ во водство. Две минути подоцна Рибери имаше шанса да изедначи, но Навас одлично одбрани.

Реал со голема предност се враќа во Мадрид и е на чекор до ново финале во Лигата на шампионите.