Милан ќе притиска за играчот на Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Милан ќе барем за момент ќе ги стопираат напорите за ангажман на Ки Сунг Јунг од редовите на Свонси, и вниманието ќе го насочат кон играчот на Арсенал, Џек Вилшер.

Договорот на Англичанецот со „топчиите“ истекува на крајот на оваа сезона и истиот веројатно нема да биде продолжен.

Со тоа се отвора можност многу од клубовите да добијат екстра фудбалер бесплатно, па од Милан ќе стапат во контакт со неговите претставници околу евентуален договор.

Покрај Милан за Џек Вилшер постои интерес и од неколку Премиерлигаши како Вест Хем и Евертон.