Џерард седнува на клупата на славен европски тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува англискиот медиум „Сан“ легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард, би можел да го замени Педро Каиксиња на клупата на Глазгов Ренџерс.

Доколку се остварат најавите на Џерард најголем противник ќе му биде неговиот поранешен тренер од Ливерпул, Брендан Роџерс.

Сепак, наводно фановите на Глазгов не биле задоволни со тоа што Џерард ќе седне на нивната клупа со оглед на тоа што тој нема големо искуство во водењето големи клубови. Глазгов Ренџерс оваа година е на втората позиција на табелата без многу шанси за освојување на титулата во шкотскиот шампионат.