Скај Спортс: Шпекулација е наводниот договор меѓу Реал и Ливерпул за Салах


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од најеминентниот медиум поврзан за спорт во Англија, Скај Спортс, пренесуваат дека наводниот договор меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во врска со Мо Салах е чиста шпекулација.

Во јавноста излегоа информации дека од Ливерпул му ставиле до знаење на челниците на Реал Мадрид дека доколку платат 200 милиони фунти може да го имаат Салах во своите редови.

Сепак, Скај Спортс објави дека немало никакви контакти на релација Мадрид- Ливерпул и дека сите вакви бомбастични најави се само шпекулација.

Ова значи дека фановите на Ливерпул барем засега може да здивнат и да се надеваат дека нивниот миленик и следната сезона ќе остане на „Енфилд“.