Ван Гал добил понуда која не се одбива


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По две години пауза откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед, Луи Ван Гал би можел да се врати во фудбалот.

Холанѓанецот во едно телевизиско интервју истакна дека е подготвен да се врати на некоја клупа и откри дека добил понуда која не се одбива.

„Сега добив понуда која не можам да ја одбијам, но доколку немам ангажман до август или септември, да знаете дека ќе се пензионирам“ –коментираше Ван Гал.

Се споменува дека од репрезентацијата на САД го посакуваат Ван Гал во своите редови, а деновиве драстично опаднаа и коефициентите за премин во Евертон.