Симеоне добива дури пет натпревари суспензија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дисциплинската комисија на УЕФА отвори случај против тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне поради исклучувањето на првиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Европа против Арсенал.

Аргентинецот беше отстранет од теренот поради протест по исклучувањето на Вршаљко, а според пишувањата на „АС“ Симеоне би можел да биде суспендиран дури на пет натпревари.

Весникот наведува дека Симеоне би можел да добие три натпревари дисквалификација поради навреди кон судиите и уште два поради комуникација со членовите на својот стручен штаб, што е забрането по искллучувањето.

Одлуката во случајот за Диего Симеоне ќе биде изречена на 4. мај.